Кажи ДА на нови можности!
Во YES International School, веруваме дека квалитетното образование започнува со
посветен тим. Нашите наставници и стручни соработници се професионалци со искуство,
љубов кон децата и постојана мотивација за напредок. Работиме со срце, енергија и
ентузијазам – за секое дете да се чувствува прифатено, охрабрено и разбрано.

Ние работиме со љубов, трпение и современи
методи за да создадеме сигурна и позитивна атмосфера за учење. По потреба вклучуваме
и психолог во образовниот процес.

Совладај англиски јазик за меѓународен успех – од секојдневна комуникација до академско и деловно ниво.

Научи германски јазик на паметен и практичен начин – за работа, патување или живот во германскоговорна земја.

Мисија: Да обезбедиме инспиративно и безбедно образовно искуство кое ги подготвува децата да бидат самостојни мислители, емпатични личности и активни граѓани на светот.

Визија: Да бидеме водечко меѓународно училиште кое инспирира генерации ученици да бидат самостојни, свесни и глобално подготвени граѓани.

Нашата програма е внимателно дизајнирана за да ги комбинира елементите на
националниот наставен план со меѓународни образовни стандарди. Учиме преку игра,
проекти и интеракција, со фокус на:

Анита Павловска

Ивана Митиќ е одличен наставник по германски јазик. Таа е искрена и посветена со внимание за секој студент посебно. Ви благодарам премногу за поддршката која му ја давате на мојот син.

Борис Зајков

Наставниците во YES International се прекрасни, професионални и посветени. Часовите се интересни со интерактивна програма и пријатна атмосфера.

Валентина Палковска

Мојот син е пресреќен што е дел од YES. Го посетува курсот по германски јазик веќе една година и има неверојатен прогрес. Професорката е многу посветена, знае да ги мотивира учениците, и очекувано - резултатот е импресивен. Моја најтопла препорака за YES и професорката Ивана Митиќ.

Менче Благоевска

Како родител исклучиво сум задоволна од напредокот на мојата ќерка со германскиот јазик во YES International. Проф. Ивана Митиќ е посветена, трпелива и умее да го мотивира секое дете да го даде најдоброто од себе.

Бојана Благоевска

Многу сум задоволна од часовите по германски јазик во YES International - професорите се љубезни, интересни и ми помагаат лесно да учам!